Што е важно да знам кога патувам во Европската Унија?
Патувајте со сигурни туристички агенции.
Проверете дали треба да обезбедите здравствено осигурување и под кои услови. Се препорачува да поседувате здравствено осигурување.
Доколку патувате со возило во Шенген-зоната, мора да поседувате важечка меѓународна возачка дозвола и меѓународно осигурување за возилото (зелена карта).
Доколку патувате во приватен аранжман, проверете ја адресата, градот, телефонскиот број и името на хотелот или друг вид на сместување во земјите од Шенген-зоната, на интернет.